Груевски успеа да состави влада!

По долгите и напорни преговори со сите парламентарни политички партии претседателот на ВМРО ДПМНЕ, а воедно и мандатар за составување на влада по неодамнешните избори конечно постигнал договор со две политички партии.
vlada-na-rmНовата влада по предлог од Никола Груевски ќе е оставена од три политички партии.
ВМРО ДПМНЕ , ДУИ и ДПА се новите коалициони партнери кои ќе треба Македонија да ја извадат од кризата која беше наметната во последните 2 години.
Од три различни извори кои котираат високо во трите политички партии дознаваме дека вечерва во ДУИ е се договорено само се чека да се обзнани одлуката за влез во коалиција.
Партијата на Тачи кој воедно е и во оставка веќе дала врти гаранции дека ќе ја поддржи владат од Груевски а со цел што побргу да се стабилизира и одблокира земјата.
Во ВМРО ДПМНЕ не сакаа да избрзуваат со изјави но уверуваат дека влада ќе има и тоа не како што некој сака да прикаже дека ќе е краткотрајна туку ќе има стабилна влада со најмалку 2 до 4 години мандат.
По формирањето на владата исто така следат и големи таканаречени “чистки“ н функционери кои излегле од своите морални норми и принципи а и кои се искомпромитирани или им е опаднат ентузијазмот.
Ќе има промени и во повисоките структури внатре во партијата но и ке се зајакнеле и нормите при поставување на партиски или државни функционери.
На Груевски му е веќе јасно дека на тенок лед се задржа овој пат и нема д дозволи грешките од минатото да му се повторуват.
Злоупотребената голема доверба од своите најблиски овој пат нема да ја прости. брифираат извори од високите раководства на партијата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s