Прикриена сообраќајна незгода во центарот на Струга а во која учествувал синот на Фијат Цаноски?

3На 3. јануари, рано изутрина ,во 03 во центарот на Струга ,на улица 15-ти Корпус, на раскрсницата кај ресторант “Т’га за југ“  се случила тешка сообраќајна незгода ,каде имало и повредени лица.
Во незгодата учествувало возило ,марка „Бнетли“,со скопски регистарски таблички , сопственост на познат бизнисмен и сосптвеник на факултетот ФОН, друго возило сосптвеност на познат сопственик на угостителски објект во Струга како и жена на велосипед ,која се здобила со потешки телесни повреди. Интервнирала и екипата за брза помош од Струга. Направена е голема матерјална штета на возилото но видливо било и оштетувањето на оградата од куќата која е во приватна сопственост а во која се забило возилото кое буквално ги прелетало високите банкини од спротивната лента на коловозот.
Сообраќајката е случена точно на пешачки премин спроти фрекфентна автобуска постојка каде ограничувањето на брзината е 30-40 км/ч но според условите вообичаено се вози и по бавно.
Увидот на лице место траел до 05 часот изутрина , но полицијата спречила и масовно нарушување на ЈРМ.

stefan-dimoski За настанот е контактиран и портпаролот на СВР Охрид ,под чија надлежност е и ПС од О.Н Струга. За жал ,неговиот  одговор бил дека не знаел за настанот , ќе проверел и ќе  известел??!!
Зошто портпаролот не е информиран и зошто дополнително не се произнесол за сообраќајката и после неколку дена останува енигма.

Очевидци кои се обратиле и до други портали но и телевизии со вознемиреност и со гнев се запрашуваат кој и зошто се обидува да сокрие ваков инцидент кој лесно можел да заврши и со човечки жртви. Дали пречутно се одобрува дивеењето со автомобили на таканаречени моќници  по улиците низ Струга?
Стружани се гневни и на локалните медиуми кои за други помали инциденти или незгоди информирале и ги “напумпувале“ а за оваа во која наводно има и повреден велосипедист, се случила во строг центар на туристичка Струга за време на празници под сумнителни околноти и е регистиран и фото документиран од страна на случајни минувачи не напишале ниту еден збор и не снимиле прилог ! Дали на моќниците во државава ќе почне да им се издава и дозвола за прегазување на пешаци кои се наоѓаат на пешачки премин и дали ограничувањето на брзините важат само за обичните смртници во државава!?

Advertisements

2 responses to “Прикриена сообраќајна незгода во центарот на Струга а во која учествувал синот на Фијат Цаноски?

  1. Пингување: СООБРАЌАЈКА ВО СТРУГА: Сообраќајка во која учествувал и синот на Фијат Цановски прикриена, иако имало тешко повредени? | iNFOMAX.mk·

  2. Пингување: СООБРАЌАЈКА ВО СТРУГА: Сообраќајка во која учествувал и синот на Фијат Цановски прикриена, иако имало тешко повредени? | iNFOMAX.mk·

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s