ЕКСКЛУЗИВНО: Ќе се формира влада по локалните избори. До тогаш ќе функционира актуелната!

mojaАнализираќи ја ситуацијата во која се наоѓаат лидерите на политичките партии во Република Македонија, политичката криза но и изборниот резултат. Дури и за оние кои барем малку се занимаваат со политика е сосема очекувано  Република Македонија за нова влада да почека до  завршувањето на локалните избори.

Познавачите не велат но јасно знаат дека на оние кои ќе ја формираат владата не им се брза бидеќи секако веќе се дел од власта.
Оние пак кои како “гладна кокошка – просо сонуваат“ и самите знаат дека од пред неколку дена се надвор од фотелјите кои се дел од инвентарот на министерските кабинети.

По острите реторики наметнати од волјата за власт на поедини македонски политичари и предизборните ветувања кон единствената малцинска заедница во Република Македонија која има територијални претензии за парче земја и која никогаш не е задоволена со малцинските права кои ги добива,  сосема е сигурно дека било каква коалиција би било на штета од еден од коалиционите партнери кои ќе ги поддржат или нема да ги поддржат истите барања или од другата страна кои ќе прифатат коалиција или нема да прифатат коалиција во отсуство на исполнување на истите барања кои биле ветени за време кампањата од лидерот на македонската опозиција.
Затоа почитувани граѓани на Република Македонија. Останете мирни и не се замарајте многу околу формирањето на новата влада . Препуштете им се на прекрасните празници кои следат во текот на месец јануари растеретени барем од политиката. Државата функционира и без таа “фамозна“ влада. Вестите за формирањето на владата кои се споменуваат толку многу во  последниот приод не е ништо друго освен новинарска фама во очајна безидејност за пишување на други теми а не на темата политика. Македонија има влада! Има министри со полноважен потпис и има конституирано собрание кое може да донесува закони и законски измени без никаква пречка. За формирање на старо-новата коалиција ќе мора да причекаме до завршување на локалните избори чиј крај се очекува некаде кон крајот на месец мај или самиот почеток на јуни 2017та. А да. И тоа со мандатот. Мандатот можеби и ќе сврти неколку круга пред да се формира таа наша влада без која Македонија “нема“ иднина и ќе “пропадне“ како што во јуни пропаѓа и идеата за летен распуст од учениците.

Пишува: Васко Јолески. 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s