Шарена или “Кондом“ револуција ?

Шарената револуција, односно носителот на поголемиот терет од отпорот, невладиниот сектор и граѓаните пред се, се најдоа на работ од политичката депонија откако СДСМ си ги оствари сите предвидени очекувања.
По жестокиот отпор,вложуваќисе и  себеси но и многу матерјални средства, граѓаните повторно се изневерени. Македонија докажа и покажа дека нема доволна зрелост за граѓанските опции и невладиниот сектор да може да бидедел од политичкото уредување во државава.
СДСМ како носител на опозицијата и покрај договорот со граѓанските асоцијации и здруженија дека ќе издејствува на преговарачка маса да седнат и претставници од невладиниот сектор кој беа најжестоки и нај експонирани во отопрот, сепак поради лични интереси кога им се понудија гаранции за слобода на Заев,Бобо и други, ја променија реториката и потпишаа се само не она кое требаше да гарантира слободни,фер и демократски избори.
Потпишаа смртна пресуда за демократијата и како никогаш до сега му дадоа силен ветар во грб на Груевски и неговата партиска гарда!
Срамно и мизерно однесување на челниците од најголемата опозициона партија која додека створи позиции за преговори бараше сојузник во граѓанскиот сектор но штом седна на маса се заборави и дека постојат невладините !
Фала им! Народот знае како да одлучи! Се гледаме на избори со листи од граѓаните а не од сродните на оние против кои навидум некој се побунил а всушност само се пазарел за позиции но не и за промена на власта !sareni

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s