ДИК:Теренската проверка на Избирачкиот список почнува кон крајот на неделава

Државната изборна комисија кон крајот на неделава ќе ја почне теренската проверка на 100.436 записи кои произлегоа од вкрстената проверка на податоците во рамки на прочистувањето на Избирачкиот список.
ljupka-dik-INFOMAKS

Како што соопшти на денешната прес конференција Љупка Гугучевска, советник во ДИК, теренската проверка ќе ја вршат 374 овластени анкетари, а нивни контролори ќе бидат раководителите на подрачните единици на ДИК.

-На спроведувањето на теренската проверка му претходеше процес на вкрстени проверки на податоци од различни институции како и граѓанска контрола на избирачкиот список на веб апликацијата на ДИК. Наша цел од овој процес е довербата од сите заинтересирани учесници во резултатите од теренските проверки. За да ја постигнеме потребана ни е соработката од сите учесници во процесот, а особено од граѓаните, истакна Гугучевска.

Пасивно набљудување на целиот процес ќе може да вршат претставници на четирите најголеми политички партии.

ДИК објави дека ќе реализира медиумска кампања „Отворени врати“ и ги повика граѓаните да учествуваат во проверката која треба да овозможи, како што беше посочено, веродостоен Избирачки список.

-Преку кампањата „Отворени врати“ сакаме да ги охрабриме и поттикнеме граѓаните да ја отворат вратата на тимот на ДИК кој ќе ја врши теренската проверка, рече Гугучевска.

Анкетарите ќе вршат непосредно анкетирање на граѓаните на терен во периодот од 08.00 до 19.00 часот. Пополнетите прашалници на крајот на секој ден ќе бидат доставувани до контролорите од ДИК со записник. Анкетарите ќе треба да им се претстават на граѓаните кои ќе ги анкетираат покажувајќи им лична карта и беџ од ДИК.

Од ДИК очекуваат во текот на денешниот ден прашалникот за анкетирање на биде објавен на интернет страницата на ДИК. Станува збор за само еден прашалник кој што ќе ги опфати сите случаи. Од ДИК очекуваат дека теренската проверка ќе трае околу 2 недели.

Пред да започнат теренските проверки ДИК очекува да добие листа од страна на ИТ експертите од ДИК кои биле вклучени цело време во овој процес, во која листа ќе бидат ставени сите адреси, имињата и презимиња на лицата кои ќе бидат предмет на теренските проверки.

Доколку некое лице избегне да биде анкетирано, ДИК нема предвидено казни за граѓаните.

-Нашата цел е соработка со граѓаните во текот на овој процес, затоа е оваа кампања. Целта на процесот е што повеќе заинтересирани учесници да бидат вклучени во истиот, за сите на крај да излеземе со доверба во резултатите од процесот на проверка и ажурирање на избирачкиот список. Казните не се наша цел, истакна Гугучевска.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s