(обновено) Низа контроверзности поврзани со самоубиството на 20-годишната Стефани

majka kerkaГолем број контроверзности околу наводното самоубиство на  20-годишната Стефани.
Имено откако мајката за Либертас.мк даде трогателна изјава за тоа дека наводно девојката била силувана предходната ноќ од таксист а случајот бил пријавен во полиција. Од МВР експлицитно демантираат дека имало такво пријавување.
– Слушнав како вреска ноќеска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрово, ете, без да забележам се реши на најстрашното – вели за Либертас мајката на 20-годишната Стефани.

– До овој момент официјална пријава за силување до МВР не е поднесена. Се чекаат резултати од обдукција на телото – вели Лиза Бендевска од СВР Скопје.

Друго нешто кое овој случај го прави уште поконтроверзен е пријавата која ја поднел осомничениот таксист за наводен напад врз него од страна на близок пријател на мајката од девојката.
– На 9 март во 15.35 часот Ј.С. (53) од Скопје, пријави дека на 09.03.2016 год. околу 4.30 часот на ул. Коста Новаковиќ, додека симнувал патник од неговото такси возило, бил физички нападнат од страна на А.З. (39) од Скопје кој бил семеен пријател на мајката од Стефани.
kerkaПо социјалните мрежи но и по скопските кафулиња се шират разни шпекулации од тоа дека вопрашање е недозволена љубов помеѓу таксистот и девојката па се до разно разни верзии и настани но сите ја чекаат обдукцијата која најпрвин ќе ја разбие дилемата дали имало или не силување и доколку имало дали тоа е направено од посочениот таксист. Истрагате се очекува да открие и каква е поврзаноста на нападот врз таксистот кој бил извршен вчера пред девојката да си гоодземе животот и тоа во моментот кога таксистот ја донесол девојката дома.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s