ДИРЕКТОР НА ВОДОВОДОТ ПОТРОШИЛ 100.000 ЕВРА ПО КАФАНИ: За три години директорот на Проаква од Струга потрошил 100.000 евра!

 Поднесена е кривична пријава против В.К. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“.

skara

Пријавениот, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, во својство на директор во МЈП „Проаква“-Струга, со несовесно работење и трошење на средствата за угостителски услуги, на јавното претпријатие му нанел вкупна материјална штета од 6.001.442 денари, околу 99 000 евра.

Пријавениот парите ги исплаќал исклучиво за користење на угостителски услуги претежно од ресторани од Струга. По извршениот увид во книговодствената и правната служба како и во финасиските картици на ЈП ,,Проаква“, полициските службеници утврдиле дека од сметката на подружниците ,,Водовод“ и ,,Колектор“, на име угостителски услуги или репрезентација, за цела 2013 година се потрошени 2.256.169 денари.

За истата намена, во 2014 година биле потрошени 2.217.937 денари, додека во 2015 година за угостителски услуги или репрезентација, од сметката на Јавното претпријатие биле платени 1.527.336 денари.

При извршен увид во финансиските картици, дополнително било утврдено дека одредени фактури доставени од некои угостителски објекти ги немаат потребните печати и штембили за исправна фактура.

Да потсетиме дека Струга воекот на туристичката сезона имаше значителен проблем со водата за пиење од водоводната мрежа. Водата според некои тврдења небеше хлорирана повеќе од 6 месеци а за тоа беа најавени и кривични пријави од страна на невладиниот “КАПРИКОРН2010“ Струга  против одговорните лица .

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s