Нерасчистени “сметки’’ причина за пукотниците во Струга

Нерасчистени сметки се причините за пукотниците во Струга кои се случија синоќа околу 22:00 часот а во кои едно лице го загуби животот и две беа потешко повредени.
ppukaaalll“Струга48’’ неофицијално дознава дека на пукотниците им предходела повеќе месечна расправија помеќу најмалку три страни.
Синоќешната пресметка наводно била тесно поврзана и со предходните инциденти кои ја потресоа Струга . Едниот со убиството на висок функционер од ДУИ (42-годишниот Артан Муслуи) а другиот настан беше дирекно поврзан со сега повредениот од вчерашните пукотници кој беше претепан веднаш по убиството на 42-годишниот Артан Муслуи, а тепачката се случила приближно на истото место како и вчерашните пукотници.
Пред половина година од убиството на 42-годишниот Артан Муслуи му предходеше киднапирање и убиство на член на  обезбедувањето од струшкиот градоначалник Зијадин Села , лицето Уран Купа (27) од селото Велешта. За убиството на Артан како извршител се пријави братот на убиениот Уран Купа кој навел дека убиството го извршил поради крвна одмазда за неговиот брат.

Од засега неофицијални извори дознаваме дека во пукотниците учествувале и роднини од секретарот на општина Струга кој пак неодамна беше истепан од страна на “друштвото“ од вчера повредениот  за кого пишуваваме погоре.

Истрагата треба да покажи за што точно станува збор но изворот од “Струга48’’ напоменува дека е можно во Струга да се одвива процес на чистење на подземјето а додава и дека зачестените инциденти имаат и друга позадина а тоа е најавеното уривање на дивоградбите од струшкото крајбрежје односно решението за рушење на објекти кои се дивоизградени на брегот од “Охридско Езеро“ во делот кај Струга.

“Струга48’’ ви најавува и нови сознанија ни и анализи за инцидентите кои последно време по застој од неколку години повторно ја потресоа Струга.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s