Невладината Каприкорн 2010 за проблмеите со загадената вода во градскиот водовод се заканува со кривична за струшкиот градоначалник.

Невладината Каприкорн 2010 за проблмеите со загадената вода во градскиот водовод се заканува со кривична за струшкиот градоначалник.

 

 

-Слушајќи ја веќе слушнатата “песна“ на медиумите односно граѓаните за неисправноста на водата за пиење во Струга, по кој знае кој пат – “КАПРИКОРН2010“-Струга најостро реагира и му порачува на градоначалникот Сеља :
Ова што сега се случува е преминување на сите граници.
Ова претставува еден вид на биолошка војна на Зијадин Сеља со сопствените граѓани.
Порачуваме :
Нити е Струга град во Сирија, нити пак граѓаните на Струга преставуваа заморчиња на кои градоначалникот може да експериментира. Најмалку треба да експериментира со здравјето на сите нас и на нашите деца.
Му укажуваме:
Граѓаните точно знаат дека снабдувањето со вода е исклучива и само чиста надлежност на локалната самоуправа односно општината кој тој мисли дека ја води. Заради тоа укажуваме дека повеќе не му палат финтите дека Владата е крива што немаме чиста вода за пиење, и што сме под секојдневна закана од секакви болести.
Таа деттска игра на глувче во која тој кога и да има проблем ќе се сокрие и ќе ја обвинува Владата помина одамна.
– Само за пример: Нема греење во училиштата , Владата му е крива иако ги добива блок дотациите од Владата точно на време, ама пак затоа градоначалникот има време да замине со своите најблиски соработници и секретарот во Америка.
Која америка градоначалнику додека дечињата ни смрзнуваат по училниците?
– Втор пример: Нема Електрична енергија однсоно Струја во училиштата а градоначалникот пак Вели дека Владата е Крива – иако и тука блок дотациите ги добива и пред време од страна на Владата која ја обвинува. Затоа пак со парите време е граѓаните да знаат дека градоначалникот гради плоштад во селото Ливада. Каков плоштад е поважен Градоначалнику од здравјето на сите дечиња на ова општина, па макар тој бил и во (Љ)ивада??
– Како последен пример во ова наше обраќање ќе се осврнеме на тоа што Граѓаните на Струга повторно се трујат со непрочистена вода, со месеци вработените во ПРОАКВА Струга се смрзнуваат без никакви услови за работа, без електрична енергија ама пак Владата е Крива.
Која Влада градоначалнику кога пред неколклу дена гледаме дека сте распишале оглас тежок 25000 евра за осветлување на дел од градот, и тоа осветлување пропратено со музика и сонати по Ваш избор.
Зарем тоа не е бедата на еден градски татко кон својот народ?
Кој ќе ги слуша Вашите сонати ако го отруете сопствениот граѓанин, на кого ќе му светите и украсувате ако ги наполните болниците со сопствените деца???
Мислам дека е доста! мислам дека време е за Струга да се преземат очигледно малку поостри мерки. “КАПРИКОРН2010“-Струга, во консултација со сопствениот правен тим ќе ги разгледа сите можности и за правна однсоно кривична одговорност на ЗИЈАДИН Сеља како градоначалник кој не презема ништо да си ги спаси граѓаните од труење. Толку од нас Градоначалнику, ако не работи Вашата Совест , нашата е и совест и загриженост за сопствените граѓани на највисоко алармантно ниво, стои во писмената реакција на претседателот Васко Јолески

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s