УТРЕ – ПРЕКРАСЕН СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН !

vreme Утре (11.11.2015) времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 22 степени. ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ПО РЕГИОНИ ЗА УТРЕШНИОТ ДЕН: Во Скопскиот регион утре времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 21 степен. Во Полошкиот регион утре исто така времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува сосема слаб ветер од северен правец. Максималната температура овдека ќе се искачи до околу 16 степени. Во Струшкиот , Охридскиот , Преспанскиот како и во Пелагонискиот регион времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17 степени во Струга и Охрид и Ресен , 16 степени максимална температура за утрешниот ден се очекува во Битола. Прилеп утре ќе има нешто повисока максимална температура и истата се очекува да се искачи до околу 18 степени. Во Североисточниот регион времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во овој регион ќе се движи во интервал од 16 до 20 степени. Во источниот и во југоисточниот регион утре времето исто така ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во овие два региони ќе се движи во интервал од 15 до 22 степени. За повеќе информации посетете ја ПОПУЛАРНАТА фејсбук група (ИНФОРМАЦИИ ЗА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА).

 

Подготви:Славчо Попоски

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s