УТРЕ – СОНЧЕВ ДЕН !

Утре (27.10.2015) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 19 степени. ПРОГНОЗА ПО РЕГИОНИ: Во Скопскиот регион утре очекуваме сончево време со умерена облачност , ќе дува слаб ветер од источен правец. Максималната температура се очекува да достигне до околу 18 степени. Во Полошкиот регион исто така очекуваме сончево време со умерена облачност и со слаб ветер од источен правец. Максималната температура во овој регион ќе биде пониска и се очекува да се искачи до околу 13 степени. Во Охрискиот , Струшкиот , Преспанскиот како и во Пелагонискиот регион исто така очекуваме сончево време со умерена облачност и со слаб ветер од источен правец. Температурата во овие региони ќе се движи од 13 степени во Битола , 14 во Прилеп па се до 15 степени во Охрид и во Струга. Во североисточниот , источниот и во југоисточниот регион очекуваме сончево време со умерена облачност и со слаб ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 степени во Крива Паланка , 15 степени во Кочани , 17 степени во Струмица , 18 степени во Радовиш , 19 степени во Гевгелија па се до 20 степени во Кавадарци каде ќе биде и најтопло. ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време без врнежи. Температурите ќе се движат во интервал од 13 до 19 степени.

 

Подготви: Славчо Попоски

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s