Стружани се трујат преку водата за пиење! Никој не ги информира дека не треба да ја користат !

ВО ВОДАТА ВО СТРУГА НАЈДЕНИ БАКТЕРИИ ОД ФЕКАЛНО ПОТЕКЛО

Водата за пиење од градскиот водовод во Струга, која ја користат стружани и жителите на околните места е забранета за употреба.

Вакво решение вчера донела Дирекцијата за храна и ветеринарство, откако анализите на Центарот за јавно здравје од Охрид покажале дека водата не е хлорирана и дека во неа се присутни бактерии од фекално потекло, односно ешерихија коли, ентероколити и ентерококи.
Од Центарот за јавно здравје во Охрид велат дека завчера по налог на Дирекцијата за храназеле мостри од водата од градскиот водовод во Струга, и дека анализите покажале дека водата не била хлорирана. Во испитуваните примероци биле најдени бактерии од фекално потекло, односно ешерихија коли и ентероколити, а во дел од мострите и ентерококи.
Стружани се жалат дека изминативе неколку дена имале стомачни болки, дијареа и повраќале. Велат дека болки имале дури и оние што воопшто ништо не јаделе ниту дома, ниту во ресторани. Тие се револтирани што никој не ги информирал дали водата од градскиот водовод е безбедна за пиење.
Од Центарот за јавно здравје од Охрид велат дека вода која ги содржи овие бактерии не смее ниту да се пие, ниту да се користи за лична хигиена.

“Може да се користи, доколку се преврие и дополнително потоа се филтрира, но препораката е луѓето да не ја користат. Овие бактерии предизвикуваат болести на дигестивниот и на уринарниот тракт, односно најчестите симтоми се проливи, стомачни болки, повраќање “, велат од Центарот за јавно здравје од Охрид.
Градоначалникот на Струга Зијадин Села не е информиран дека Дирекцијата за храна и ветеринарство донела решение со кое се забранува употрребата на водата од водоводот во Струга. Тој објаснува дека вчера до 11 часот бил во Општината, по што заминал на службен состанок во Скопје, и дека воопшто никој не го информирал за ваква вонредна состојба.
“Ако се најдени бактерии, нормално водата треба да се забрани за употреба и да се прочисти. Но, јас не можам да дадам никаков став, бидејќи прв пат слушам за вакво нешто. Став треба да барате од претпријатието Проаква, кое се грижи за квалитетот на водата. Иако тоа е јавно претпријатие, кое е формирано од општините Струга и Охрид, сепак си има посебен диркетор и посебен буџет и треба да дадат објаснување дали ја хлорирале водата или не. Како градоначалник ќе се информирам и ќе преземам мерки”, вели Села.

Превземено од : ВЕСТ.МК

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s