Казнет полицаец на ГП „Ќафасан“

Полицаец во Полициската станица за граничен премин Ќафасан заработи парична казна во висина од 15% од месечната плата во период од три месеци.

 

Причината, како што информира МВР е внесување невистинити документи односно документи кои не одговараат на автобусот кој се јавил на влез во Република Македонија, со што овозможил возилото да оствари „влез“ во државава.

 

Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 22 решенија против 22 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.

 

Притоа, на 18 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на тројца вработени, мерка – „писмено предупредување“ и на еден вработен, мерка – “откажување на договорот за вработување“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s