ПИТЕР ФЕЈТ “ЌЕ ГО ЧЕШЛА“ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Поранешниот висок претставник на Европската унија за Косово Питер Фејт, кој во Македонија беше ангажиран во воениот конфликт во 2001, ќе ја преиспитува имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.

Тој го претставува Европскиот институт за мир, со седиште во Брисел, кој во јули годинава потпишал меморандум за соработка со македонската Влада за анализа на примената на Договорот.
“Институтот придонесува и ја дополнува агендата на Европа и на Европската унија за глобален мир. Тој активно ќе ја поддржува и ќе ја олеснува имплементацијата на процесот за ревизија на Охридскиот рамковен договор.
Македонската влада останува примарен извршувач и на процесот на ревизија и на имплементацијата на оние препораки кои ги прифаќа од процесот на ревизија”, изјави Фејт.
Тој нагласи дека во наредните месеци фокусот ќе биде насочен кон едукацијата, децентрализацијата, антидискриминацијата, праведното претставување, помалите заедници и употребата на јазиците, како и на духот на Охридскиот рамковен договор.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими вели дека Институтот бил ангажиран заради кредибилитетот на процесот, кој произлегува од препораките на Прибе во однос на меѓуетничките прашања.
“Тоа ќе претставува надворешна анализа и помош кои се потребни за овие прашања, поради нивната чувствителност, со цел да се врати довербата во институциите на Македонија. Во таа насока ја побаравме помошта и ќе се направат дебати низ државата за да се направи првичен извештај, кој потоа ќе се анализира. Целиот процес е во насока на препораките кои укажуваат на квалитативна анализа на имплементацијата на Охридскиот договор”, вели Бесими.
Питер Фејт на почетокот на годинава беше вклучен како надворешна помош и при одржувањето на конгресот на Демократската унија за интеграција на Албанците(ДУИ), а неофицијално, неговото име се поврзува со извлекување на борците на ОНА во Арачиново.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s