Абдулаи Купа ВО ОДМАЗДНИЧКИ НАПАД ГО УБИЛ (АРТАН) ЗАМЕНИК ДИРЕКТОРОТ НА УЈП

ПОПЛАДНЕВО е убиен заменик директорот на УЈП АРГЕТИМ АСАНИ од Струга.

На улица “Маркс и Енгелс“ во Струга , околу 13:30ч , со неколку куршуми било застрелано   лицето Аргетим Асани – Артан од Струга. Откако бил следен и пресретнат со возило црн голф , од голфот излегол убиецот , се приближил до Асани , испукал неколку куршуми во пределот на вратот и градите и веднаш избегал во непознат правец . Асани со возило на итна помош , во тешка состојба веднаш е префрлен во хирушкото одделение каде по кратко време им подлегнал на повредите.

Асани бил цел на одмазднички напад поради убиството на телохранителот од Зијадин Села (Уран Купа) кое се случи зимата . По две недели потрага на киднапираниот Уран Купа, неговото тело беше најдено во фаза на распаѓање крај реката Сатеска во близина на  струшкото село Дрслајца.

Помладиот брат на Уран Купа, Дваесет и три годишниот Абдулаи Купа, веќе се предал на полицијата и наводно  го признал делото.

11787404_864962300207478_601274891_n-2zk8k9em4ll58ogpzbwmbu1

Бајрам Kупа, таткото на убиецот , ја потврдил замешаноста на неговиот син во убиството на Аргетим Асани.
– Долго време се знае дека сега убиениот Асани е тој кој е одговорен за случајот на Уран Купа, нашиот син и  денеска Абдулаи се одмазди за својот брат – вели тој.

Убиениот Аргетим Асани (АРТАН) често пати го биеле гласини  како човек од струшко-охридското подземје.
Друг поврзан настан со убиениот е и нападот и претепувањето на полициски службеник но има и други скандали поврзани со сега веќе покојниот АСАНИ.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s