Писмо од ревотиран граѓанин поради секојдневниот сообраќаен метеж во Струга! Во Струга секој ден по неколку сообраќајки!?

Сведоци сме дека во Струга секој ден има по неколку сообраќајки. babicka.jpg-500

Речиси сите улици во градот се претворени во диви паркиралишта а со тоа се стеснети , млади лица (претежно деца) “несмасно“ ги возат своите мотори (скутери) а разгалените “гурбедџии“  фраерски ги возат своите бесни коли кои претежно се или од “рента кар“ или  се земени на лизинг.

Со таквото возење на моторни возила се почесто предизвикуваат сообраќајни незгоди и тоа не ретко со последици по здравјето на луѓето.

Сообраќајната полиција како да се беше помирила со фактот дека Струга полека но сигурно е претворена во “див запад“ во поглед на сообраќајната култура , па речиси ништо не превземаат.

Не ретко може да се забележи и чкрипење на гуми , туражирање , возење на мотор по пешачка патека а за велосипед да не правиме ни муабет (тоа се прифаќа како нормално).
Локалните фраери , претежно од струшките села, како да беше не-виделе град , се однесуваат исто како да се среде село па застануваат каде ќе стигнат со своите автомобили од кој се слуша нејасна и пре-гласна музика .

Се на се тоа ти е што би рекле нашите соседи “браќа“ Срби : “ово је то кад се селјак покондури“ ! Жртвите на сообраќајната култура се се по бројни, но никој за тоа не сака да дискутира а не камоли и да превземе нешто за решавање на истите.
П.С.
Нај комична е ситуацијата со кружните текови кои во Струга веќе подолго време ги има но дел од стружани  кога ке се најдат на таква раскрсница регулирана со кружен тек, се понашаат како теле кога гледа во шарена врата ! И не се криви “шоферите“ туку едноставно оние кои им дале дозвола да взат!!
Писмо од ревотиран граѓанин поради секојдневниот  сообраќаен метеж во Струга

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s