Хан, Вајгл, Ховит и Кукан во Скопје по решение за политичката криза

Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии за да издејствува конечен договор за политичката криза во Македонија. Заедно со него на средбите ќе бидат и тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.
Според соопштението на Европската комисија, Хан ќе има поединечни средби со лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, а потоа треба да се одржи и заедничка лидерска средба.
Средбите што ќе се одржат на 14 јули имаат за цел надминување на политичката криза во земјата. На нив, исто така, ќе присуствуваат олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, информира Европската комисија.
Основа за постигнување конечен договор, како што најави портпаролката Маја Коцијанчич, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s