МВР да се справела со Саше Политико?!

черашните два обида на “шатл“ новинарт Саше Ивановски – Политико да добие одговори прво напладне во Скопје од премиерот Груевски за неговите pлацеви на Водно и до каде бил со изградбата на негов дворец, и синоќешниот серијал прашања на отвароњето на Охридско лето, упатени до претседателот Иванов, собранискиот спикер Велјановски и министерот Стваревски, провладините електронски и печатени медиуми, најверојатно по директива, експресно излегоа со жестоки обвинувања кон Саше Ивановски.

sase-polikitko

Во текстот вообичаено со идентична содржина, тие  оспоруваат дека Политико не бил новинар, дека правел инциденти, бил вулгарен и ги малтретирал премиерот и министрите.

Во нивното писание побараа осуда  од ЗНМ иако Политико не е член на новинарското здружение, ни на ЗНМ ни на нивното МАН, и обвинија дека Политико бил рекет новинар кој бил “плаќан“ од опзициската СДСМ да го ремети премиерот и министрите и да им ги упропастувал пи-ар настапите на владините функцинери со според нив “вулгарни“ невоспитани прашања.

Најдалеку отиде провладиниот Вечер кој во денешниот текст насловен “Дијагноза Саше Политико – Каква им е партијата, такви им се и активистите“ бара од МВР да го санкционирала.

Весникот на Ивона Талевска во денешниот број обвинува дека СДСМ преку Саше правела анархија и се чуди каде биле и зошто досега не интервенирале службите, особено МВР, стои вели во текстот.

Здружението МАН во кој членуваат провладините новинари по инцидентот на Саше Политико и Јанко јади бурек, вината ја најде во Политико, кој наместо одговор од Јанко беше испрскан со спреј за заслепување, и побара Политико, за кој сметаат дека не е новинар да  го осуделе и од ЗНМ .
Тогаш полицијата ја прифати пријавата од Јанко јади бурек, но не и контра-пријавата од Саше Политико, кој беше испрскан со спрејот за заслепување, што е казниво според важечките закони.

Засега Политико не се откажува од неговата мисија, на функцинерите на власта да им ги поставува како што вели, вистинските прашања, во интерес на јавноста која ги плаќа, а не како што правеле другите новинари кои поставувале нарачани прашања или само го држеле микрофонот пред актуелните функцинери.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s