ЗНААТ ЛИ АМЕРИКАНЦИТЕ НЕШТО ШТО НИЕ НЕ ЗНАЕМЕ: ПО НАПАДИТЕ И ТЕРОРИСТИТЕ ОД ИСИС, БОНДСТИЛ И ДИПЛОМАТИТЕ ДОБИВААТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ!

Министерството за одбрана на САД го додели тендерот за најмување на чувари од приватната фирма “Торес – Напредни решенија за претпријатија” која меѓудругото, дава и безбедносни услуги кои се состојат од заштита на европските и амбасадите на САД, заштита на западните дипломати, на мултинационални компании, обезбедување на клучни објекти како воени бази, аеродроми, лично обезбедување за време на работа, на настани, надзор на објекти. Тие дури обезбедувале и претседатели и потпретседатели на САД, премиери на државите-членки на ЕУ, членови на Конгресот, амбасадори и дипломати во Африка, Азија, Америка, Европа и Средниот Исток

Американската база “Бондстил” во Косово ќе најми “чувари” за повеќе од 6.5 милиони долари кои за таа намена ги додели Министерството за одбрана на САД, беше објавено на 17 јуни на интернет страницата наbondstillМинистерството во секцијата за договори.

Тендерот го доби приватната фирма “Торес – Напредни решенија за претпријатија” која, според официјалното објаснување, е фирма која припаѓа во бизнисот на фирми на воени ветерани и инвалиди.

Фирмата, пак, како што е наведено на нејзината интернет страница www.torresco.com дава услуги во делот на менаџмент консалтинг, програмски менаџмент, трансформација на претпријатија, сајбербезбедносни решенија, културно-дипломатски јазични и безбедносни услуги.

Во делот на безбедносни услуги, активностите на “Торес” се состојат во заштита на европските и амбасадите на САД, заштита на западните дипломати, на мултинационални компании, обезбедување на клучни објекти како воени бази, аеродроми, лично обезбедување за време на работа, на настани, надзор на објекти.

Тие дури обезбедувале и претседатели и потпретседатели на САД, премиери на државите-членки на ЕУ, членови на Конгресот, амбасадори и дипломати во Африка, Азија, Америка, Европа и Средниот Исток.

Интересно е што безбедносните услуги, фирмата ги нуди преку сопствената безбедносна дивизија која е составена од 14 илјади професионалци. Покрај обезбедувањето, специјалците на Торес вршат обуки на влади, вооружени сили, полиција, приватен сектор во поширок дијапазон на безбедносни и одбранбени вештини, а даваат и курсеви за контрабунтови, преживување, одбегнување, отпор и бегство, изолација од висок ризик.

Покрај услугите во безбедносниот сектор, кај понудата на “Торес” има дел за јазични и консалтинг услуги како и услугите за сајбер безбедност.

Меѓудругото, тие вклучуваат и услуги за мониторинг на службите за спроведување на законот, осомничени, криминалци терористи како и мониторниг на разузнавањето за осомничени, криминалци и терористи.

Кај сајбер безбедноста пак, “Торес” нуди услуги за заштита на бизнис и владини комуникации, лична комуникација, приватни разговори, електронска пошта, пораки и разни податоци.

Како што е наведено во огласот на Министерството за одбрана на САД, договорите на чуварите на Бондстил ќе бидат во времетраење до 30 јуни 2018 година затоа што, како што е објаснето, финансирањето ќе биде одредено според наредбите со проценето време на завршување до овој датум.

Понатаму, треба да се земе предвид дека “Торес” бил вклучен и во Операцијата Слобода за Ирак со која практично започна американската инвазија. Главните клиенти на “Торес” се американскиот Стејт департмент, Министерството за одбрана, Министерството за домашна безбедност, Министерството за агрикултура, а имаат канцеларии во Средниот Исток, Европа, Африка, Азија и во САД.

Огласот на Министерството за одбрана го пренесе и Заедницата на Професионални прекуморски изведувачи, која, меѓудругото, соработува и со фирмата Приватна Воена Компанија, чии борци се всушност модерни платеници.

Најмувањето на платеници е забрането со Конвецијата на ОН која не е потпишана од Велика Британија и САД кој не ја прифаќа ниту класификацијата “платеници” за овие борци.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s