Бесплатни превентивни прегледи за младите спортисти рекреативци од идниот месец

Од први август година ќе започнат да се спроведуваат бесплатни превентивни прегледи за млади спортисти рекреативци.

pregledi500

 

Со оваа мерка на Министерството за здравство ќе бидат опфатени околу 25.000 аматери спортисти на возраст од 14 до 29 години кои ќе подлежат на следните прегледи: ЕКГ, хематолошки и уринарен статус, крвна слика, мерења на мускулната и коскената маса.

Станува збор за основен пакет кој ќе се врши во службите за спортска медицина во здравствените домови во Скопје, Битола, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кавадарци, како и на Медицинскиот факултет во Скопје.

Министерот Никола Тодоров информираше дека целта на овие прегледи е да се подигне свеста особено кај младите за значењето на превентивните прегледи кои треба да се приоритет за секој поединец кој сака да се занимава со спортска активност.

Тодоров упати апел до сите млади лица без разлика дали редовно тренираат или рекреативно спортуваат да направат бесплатен преглед на спортска медицина, бидејќи, како што истакна, редовната физичка активност е многу важна за целокупниот физички развој на личноста и е многу значајна за подобрување на работата на срцето и белите дробови, за зајакнување на мускулната сила, како и спречување на појава на остеопороза.

– Генерално физичката активност влијае на подобрување на расположението и го намалува стресот, па затоа се применува како вид на терапија која може да влијае на болестите кои се препишуваат на модерниот начин на живот, истакна министерот.

Младите спортисти рекреативци ќе треба да ги следат препораките на лекарите според тоа во каква здравствена состојба се наоѓаат и каква им е физичката подготвеност.

Министерството за здравство го поддржува рекреативниот спорт, бидејќи физичката активност е значајна за подобрување на здравјето на луѓето. Според последните испитувања во Македонија 60,5 проценти од машката популација и 47,8% од женската патат од зголемена тежина поради немање физичка активност.

– Поаѓајки од примерот на земјите од Европа и светот каде рекреативниот спорт е многу присутен Македонија ги следи овие трендови со тенденција да напредува оваа активност и да се заштити здравјето на лицата кои практикуваат спортски активности, рече Тодоров.

Според податоците од „Мој термин“ во изминатите шест месеци биле извршени вкупно 8.199 прегледи на спортска медицина со упат, а половина од нив, односно 3.911 биле лица на возраст од 14 до 29 години. – Во најголем дел станува збор за лица кои професионално тренираат или тренираат во некои од спортските клубови во државава, рече тој.

Тодоров истакна дека со отворањето на спортските сали во изминатиот период се зголеми интересот за рекреативните спортски активности и дека очекува оваа мерка на Министерството да им овозможи на младите спортски рекреативци да го заштитат своето здравје.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s