Алфите уапсија разбојници кои „оперирале“ во Скопје

СВР Скопје Единицата за општ криминал -Одделение за имотни деликти со елементи  на насилство-отсек за разбојништва до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата А.Р.(36 ) и  Х.А.(17 ) и двајцата  од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела   ,,разбојништво “ предвидени и казниви по чл.237 од КЗ ,  при што  се здобиле со противправна имотна корист од околу 18.000 денари.

alfiaps

Од страна на судија во  претходна постапка   на прворпијавениот  одредена му е  мерка притвор во траење од  30  дена,  додека второпријавената е ослободена да се брани од слобода.

Кривичните  дела горепријавените   ги  извршиле во временскиот период од 01-02.07.2015 година , во вечерните часови на подрачје на Центар.

Првото дело го извршиле на булевар ,,Кочо Рацин“ во аптека на тој начин што откако влегле внатре првопријавениот од џебот од панталоните извадил нож и со закана кон вработената и ги побарал парите од дневниот промет. Потоа заедно со второпријавената се упатиле кон работниот пулт ја отвориле фиоката од регистар касата каде се наоѓале парите од дневниот промет ги одзеле и ја напуштиле аптеката .

Второто кривично дело го извршиле на 02.07.2015 година на бул,,Митрополит Теодосиј Гологанов“ во продавница  на тој начин  што откако влегле во продавницата повторно првопријавениот со закана со нож ги побарал парите од вработената додека во исто време второпријавената ја заклучила влезната врата. Откако вработената им рекла дека нема пари, пријавениот сам ја отворил регистар касата и од истата ги одзел парите, а додека Х.А. од рафтовите одзела голема количина разни марки на цигари, при што истите ја напуштиле продавницата и се оддалечиле во непознат правец.

Полициските службеници од отсекот за разбојништва по превземените мерки и активности по претходно издадено барање од страна на ЈО со потврда одземени  се ЦД-ња со  снимен видео материјал од аптеката и продавницата и при извршената анализа на истите утврдено е дека постојат сомненија дека пријавените се извршители на овие кривични дела .

На 05.07.2015 година од страна на полициски службеници од тимот ,,Алфа“ пријавените се приведени во ПС ОН Центар извршен е преглед при што кај А.Р. пронајден е нож на преклопување. Исто така извршен е разговор со нив, во кој разговор истите го негираа извршувањето на кривичните дела.

Во просториите на ПС-ОН Кисела Вода  извршено е препознавање на предмети при што оштетените го препозна ножот со кој пријавениот им се заканувал при извршувањето на кривичните дела. Исто така извршено е препознавање на лица- при што оштетените со сигурност ги препознаа пријавените како лица кои ги извршиле  кривичните дела.

А.Р. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје поднесени му се 10 кривични пријави по член 235, 236 и 237 од КЗ,  а од страна на СВР Охрид една кривична пријава по член 235 од КЗ.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s