Откиени насади со МАРИХУАНА во Струга

Насад со засадени седумнаесет садници марихуана, деновиве пронајде криминалистичката полиција од полициската станица во Струга.

Посевите со марихуана, се засадени на помала земјоделска површина во атарот на струшкото село Мислешево на место со бујна вегетација во близина на реката Сатеска.

Засега непознат сторител, од почетокот на годинава, на земјоделската површина ги засадил и одгледувал садниците со марихуана кои, по оперативен пат се лоцирани од страна на полициските инспектори.

За пронајдениот насад со марихуана, запознат е јавниот обвинител од Основниот суд во Струга по што насадите се подигнати од местото и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Полициската станица од Струга, презема дополнителни мерки за идентификација на можниот сторител на ова кривично дело, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторенo казнено дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

извор: СВР Охрид

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s