Започна Интернационалниот кошаркарски камп во Струга

Започна вториот кошаркарски камп во Еврохотел во Струга. На овој камп учество ќе земат кошаркарски клубови од Македонија, Косово и Албанија. 130 дечиња во наредните 7 дена ќе ги изучуваат вештините и техниките во кошарка.

Втора година по ред се одржува овој Интернационален кошаркарски камп во Струга каде 130 дечиња од Косово, Албанија и Македонија ќе учат но и ќе играат кошарка во Еврохотелот во Струга.

За техниката која им е потребна и вештините кои треба да ги стекнат, тука се специјалните тренери и професори по спорт и спортски активности.

kosarka 2

 

Ова е втора година по ред и според организаторот Владимир Ѓоровиќ, Еврохотел во Струга со своите терени овозможува одлични услови за вакви спортски кампови.

Овие 130 дечиња кои во наредните 7 дена ќе ги изучуваат техниките на кошарката, ќе имаат и натпревари каде ќе ги измерат своите сили. Покрај кошарката тие ќе учат и пливање. Од Македонија на овој камп учествуваат клубови од Струга, Кичево, Гостивар и Битола.

превземено од стругалике

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s