КОРЕНОТ, НА РАСТЕНИЕТО КОЕ НАЈМНОГУ РАСТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ГО УБИВА РАКОТ

Сијарам Пандеј е професор на Одделението за хемија и биохемија на Универзитетот во Виндзор, Kанада и од 2000 година своите истражувања ги фокусирал на самоуништување на заболените клетки.

holderВо разговор за „Дневник“ објаснува дека и покрај агресивните истражувачки напори за изнаоѓање селективна антиканцерогена хемотерапија с` уште медицината е ограничена на токсичен третман, кој вклучува лекови и зрачење што ги уништуваат болните, но и нормалните здрави клетки во организмот. Оштетувањето на здравите клетки, според него, води кон несакани ефекти и мутации на ДНK што го зголемува ризикот овие клетки да станат канцерогени. Од тие причини вниманието го насочува кон природните продукти, пред с` коренот од глуварче, растение кое го има секаде околу нас.

Во Вашиот проект за истражување на лек против канцер се фокусиравте на коренот од глуварче, растение што го има буквално секаде околу нас. Што Ве натера или поттикна на овој избор?

– Природата е најдобар лек, има најголема моќ. Може да се насочиме кон природата за третман на болести со кои се бориме многу долго време. Се покажало дека природните продукти преовладуваат во развојот на лековите, а половина од сите лекови за канцер одобрени во периодот од 1941 до 2006 година биле или природни продукти или обезбедени од природни извори. Во рамките на големиот репертоар на мајката природа има состојки кои имаат специфична цел и да ги уништуваат канцерогените клетки. Глуварчето е едно од најраширените и препознатливи растенија што може да се најде речиси во секој дел од светот, а екстрактот од неговиот корен повеќе децении се користел во традиционалната медицина, па сепак многу малку се знае за неговиот антиканцероген потенцијал.

Тестирање на пациенти болни од леукемија

Што е она што го разликува глуварчето од други природни продукти?

– Вниманието кон коренот од глуварче како предмет на истражување ми го насочи една докторка-онколог која открила дека неколку пациенти болни од леукемија кои лежеле на нејзината клиника покажувале позитивни знаци на чајот од корен од глуварче што го пиеле дома, откако по два циклуса хемотерапија, одбиле да ја примаат и си заминале дома. Сметавме дека тоа е случајност, но откако видовме како дејствуваат некои природни продукти почнавме со проектот со коренот од глуварче.

На почетокот бев скептичен бидејќи се работеше за набљудување само на еден пациент, чии резултати можеа да бидат случајни, но почнав да работам на корен од глуварче, земен од различни места. На наше големо задоволство, откривме дека екстрактот од корен од глуварче може да уништува клетки на разни видови канцер кај луѓето без да ги оштетува незаболените клетки. Всушност, во коренот од глуварче најдовме повеќе соединенија со потенцијални антиканцерогени активности кои ги поттикнуваат клетките на канцерот да извршат „самоубиство“. Kај пациенти болни од леукемија се покажа редуцирање на бројот на канцерогени клетки.

Kолку долго работите на проектот и до каде сте стигнати во истражувањата?

– Веќе објавивме резултати од истражувањето во различни научни списанија. Нашата цел е екстрактот од корен од глуварче да биде главен третман за лекување канцер. Одобрение за фазата 1, односно клиничко тестирање на пациенти болни од леукемија веќе добивме во Kанада, од канадското здравство. Kога овие тестови ќе завршат, ако резултатите се добри, ќе преминеме на втората фаза, по што може да се добие одобрение за лекување канцер.

Коренот го ставивме во блендер и добивме екстракт

Истражувањето Ви е фокусирано само на пациенти од леукемија или и на други?

– Во нашата лабораторија екстрактот од корен од глуварче е ефикасен во уништувањето на многу типови канцерогени клетки, вклучувајќи ги оние на дебелото црево, белите дробови, дојките, мозокот, кожата, црниот дроб и панкреасот.

Во Вашето истражување споменувате природни производи како неотровна терапија против канцер. На кои производи мислите, освен на глуварчето?

–  Многу природни екстракти вклучувајќи го и тој од корен од глуварче традиционално се користеле од многу култури, Kина, Индија, Блискиот Исток и други, и тоа со илјадници години. Што значи дека овие екстракти се генерално безбедни и немаат токсични ефекти. Ние го тестиравме екстрактот од корен од глуварче на глувци повеќе од три месеци и не забележавме ниту регистриравме каква било токсичност.

Но, не е само коренот од глуварче, работиме и со долгиот бибер, зачин кој веќе се користи за медицински цели во Индија и чиј екстракт исто така е многу селективен кога се работи за заболени и здрави клетки. Го користевме екстрактот на животни, на глувци кои имаат тумур и клетките на тумурот исчезнаа. Со тестирањето на овие два екстракта се покажа дека тие се добри исто колку и други антиканцерогени лекови, со таа разлика што се добро подносливи.

Во моментов истражуваме 24 различни екстракти. Ќе ви кажам дека почнавме со коренот, го ставивме во блендер и добивме екстракт. Не очекував ништо, но резултатот беше самоуништување на болните клетки, а ништо не се случи со здравите клетки.

Тоа беше фасцинантно и почнавме со тестирањата на различни типови клетки на канцер.

Kолкава е можноста овој екстракт да се користи за лекување луѓе?

– Се надеваме дека екстрактот еден ден ќе може да се користи како нетоксичен лек и третман за лекување канцер кај луѓето. Kлиничките ефекти кај луѓето се предмет на истражување во првата фаза на клинички тестирања на хематолошки канцер. Но, можам да кажам дека ова е прв здрав производ, односно природен екстракт што се користи за клинички тестирања за третман на канцер во Kанада.

Природните екстракти може да бидат безбедна замена за токсичната хемотерапија

И покрај огромниот напредок во откривањето на ракот во изминатите децении, неговиот третман и лекување с` уште е голем предизвик. Покрај оперативните зафати, другите најзастапени третмани – зрачењето и хемотерапијата  се неселективни, односно не можат да направат разлика меѓу заболените и здравите клетки и, оптоварени со токсини, имаат несакани ефекти. Овие штетни несакани ефекти вклучуваат оштетување на имунитетот и ги зголемуваат шансите за повторно појавување на ракот.

Природните здравствени продукти или природните екстракти имаат водечка улога во откривањето и развивањето лекови за третман на болести кај човекот. Тие може да бидат безбедна алтернатива за токсичната хемотерапија за лекување канцер, но мора да се потврдат научно и клинички.

Традиционалните лекови кај Индијанците, Kинезите и во индиската култура вклучуваат ногубројни природни продукти, меѓу кои и десетици зачини и екстракти од билки, пишува Дневник.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s