Масовно целиот свет ги откажува резервациите за одмор во Грција!

Како што дознаваме, Македонците полека се премислуваат околу местото каде летово ќе летуваат, па сега наместо Грција ги бираат соседните држави за тоа каде ќе го поминат својот одмор. До денеска се уште немаме точна бројка колку Македонци ги откажале своит.

Според најновите информации од Грција и нејзиното Здружение на туристички работници по околу 50.000 откажувања на резервации добиваат дневно од понеделникот, од кога се случи банкротот на нашиот јужен сосед.

Откажаните резервации се за „во последен момент“ кои чинат околу 20 отсто од вкупните во текот на годината, тоа е голем удар за туризмот во Грција, објави атинското Радио Скај.

Грчките медиуми како „драматични“ ги опишуваат последиците за економијата со затворањето на банките и ограниченото располагање со пари, воведено во понеделникот за да се запре масовното повлекување штедни влогови во страв од банкрот на државата.

Здружението на извозници од Грција проценува дека загубите на нивните членки се 80 милиони евра неделно и оти оваа недела како и следната извозот ќе се намали за седум отсто, а увозот за 28 отсто.

Целата ситуација тешко дека ќе се смири барем до понеделник, т.е. до добивање на резултатите од рефенрендумот на Грција, по што ќе знаеме дали таа останува во Еврозоната или пак не и ќе се врати на драхмата.

Како што дознаваме, Македонците полека се премислуваат околу местото каде летово ќе летуваат, па сега наместо Грција ги бираат соседните држави за тоа каде ќе го поминат својот одмор. До денеска се уште немаме точна бројка колку Македонци ги откажале своите резервации, но сигурно се меѓу оние 50.000 на ден.
фаланга : ЛИНК
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s