АЛАРМАНТНО : Во „Вегета“ е пронајдена салмонела!

Во фабриката за прехранбени производи „Подравка“ од Копривница во тек е повлекување на производот „Вегета“ за одредени производни серии од пазарите во Австрија, Германија и Словачка, бидејќи во текот на рутинската контрола во Австрија биле утврдени индиции за присуство на салмонела, јави агенцијата „Хина“.

Од „Подравка“ информираа дека се повлекува „Вегета“ во пакувањата од 250 и 500 грама. „Подравка“ самоиницијативно ги повлекува производите од во Австрија, Германија и Словачка пазари. Производите се дадени на анализа во хрватски лаборатории што утврдиле отсутност на бактеријата Салмонела во „Вегета“ и на тој начин ги потврдиле резултатите на лабораторијата за Контрола на квалитетот на „Подравка“.

Во тек се и дополнителни анализи на производите наведени во производните серии кај овластените ЕУ лаборатории. Оттаму нагласуваат дека редовно и континуирано во своите лаборатории спроведуваат контрола на квалитетот и здравствената исправност. По добивањето на сите релевантни информации јавноста и другите надлежни тела благовремено ќе бидат информирани, наведува компанијата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s