Не му се допаѓал дизајнот: Ким го погубил архитектот на новиот аеродром

Додека Ким Џонг Ун на нацијата и го претставува новата зграда на аеродромот, „заборавил“ да спомне дека архитектот кој го дизајнирал е погубен, затоа што на лидерот не му се допаѓал дизајнот.

kim1

Северна Кореја со денови го промовира новиот аеродром во Пјонгјанг, нагласувајќи ги стаклените ѕидови и други иновации. Неодамна се појавија фотографии кои го прикажуваат Ким и неговата сопруга како ја разгледуваат новата зграда.

kim2

Овој проект е последниот обид оваа земја да ги привлече туристите. Во склоп на аеродромот има кафе бар, аптека, чоколадна фонтана, како и многу други атракции.

kim3

Но, на фотографиите од прошетката низ новиот аеродром, го нема архитектот Ма Вон Чун, од Државната комисија за одбрана, од отсекот за дизајн. Имено, тој исчезнал минатата година, заедно со уште 5 високи функционери. Според некои информации, тој бил погубен во ноември 2014 година, поради „корупција и поради не придржување на наредбите“.

kim4

Неговата смрт следела откако бил реновиран аеродромот, односно поради тоа што новиот дизајн не му се допаѓал на Ким.

kim6

-Во последната фаза од изградбата на Терминалот 2, дошло до грешки поради тоа што архитектот не размислувал за партиската идеја за архитектонска убавина, кое е од суштинска важност за зачувување на националниот идентитет. Значајно е изградбата на терминалот да заврши во лик кој ќе биде олицетворение на Северна Кореја, лице на земјата и капија на Пјонгјанг, изјавил Ким, во периодот по исчезнувањето на архитектот.

kim7

kim8

kim

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s