Ќе продолжат разговорите за Влада која ќе ги подготви предвремените избори

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА на вчерашната средба ги продолжија дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни, се наведува во соопштението што партиите го лиферуваа по завршувањето на средбата, пренесува МИА.

pregovori.jpg-500

Во овој контекст, како што се посочува, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат.

– Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, го претстави владиниот нацрт – план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката шест од договорот од 2-ри јуни, се наведува во текстот.

Според договорот од 2 јуни, постигнат меѓу четворицата лидери во присуство на еврокомесарот Јоханес Хан, предвремени парламентарни избори во земјата треба да се одржат до крајот на април следната година.

На вчерашната лидерска средба, која траеше нешто повеќе од еден час, повторно беа присутни амбасадорите на ЕУ и на САД во земјава Аиво Орав и Џес Бејли.

Изјави за медиумите Груевски, Ахмети и Тачи не дадоа, додека Заев кусо рече дека во деновите што следуваат ќе има средби и оти се трудат максимално да се изнајде решение, што зависи од сите вклучени во процесот.

Груевски на средбата беше придружуван од шефот на дипломатијата и член на ИК на партијата Никола Поповски, Заев од Радмила Шеќеринска, потпретседател на СДСМ, Ахмети од пратеникот Артан Груби, а Тачи од Имер Алиу, координатор на пратеничката група на ДПА.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s