Утре ќе се знае дали Скопје ќе биде домаќин на УЕФА Супер купот

Утре, вторник, 30. јуни во Нион во 12.00 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде објавено кој ќе биде изборот на УЕФА за град-домаќин за Европскиот Супер Куп 2017 година.

arena-500

Скопје и Националната арена „Филип Втори“ имаат големи шанси да бидат домаќини на Европскиот Супер Куп 2017-та година.

Супер Купот на УЕФА е натпревар меѓу екипите победници во Лигата на Шампионите и Лигата на Европа. Годинава, европскиот Супер Куп ќе се одржи во Тбилиси, Грузија, а за трофејот ќе се борат Барселона и Севиља.

-Позитивно е расположението во европските фудбалски кругови Скопје да биде организатор на овој настан во 2017 година, но сепак треба да се почека до конечната потврда, изјави Филип Поповски, Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Ако се потврдат очекувањата тоа ќе биде историски ден за македонскиот фудбал, за Скопје и Македонија, кои ќе бидат центар на светскиот фудбал.

Претходно, Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука Супер купот во 2016 година да се одржи на стадионот „Леркендал“ во Трондхејм, Норвешка, кој е со капацитет од 21.166 седишта.

Интенцијата на УЕФА, преку доделувањето на организацијата на Супер купот на помалите земји во Европа, е дополнително да се даде импулс за развојот на фудбалската игра и во овие средини.

Супер купот е настанот кој го следат милиони луѓе ширум светот, го пренесуваат речиси сите земји во светот и претставува врвна фудбалска претстава. За земјата-домаќин е огромна можност за промоција и афирмација во светот.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s