Затворен базен во Струга го кочат нерешени имотно – правни односи

Изградбата на затворениот пливачки базен во Струга,кој не функционира веќе 13 години ја кочат нерешени имотно правни односи.

 

Изградбата на затворениот пливачки базен во Струга,кој не функционира веќе 13 години ја кочат нерешени имотно правни односи. Некогашниот објект кој во овој крајезерски град опстојуваше половина век,сега е дувло на наркомани. Со искршени прозорци и врати, целосно руинирани простории,уништен инвентар,расфрлани шприцеви, базенот бувално е прекриен со смет.

bazen struga

-Ние сме веќе во постапка на решавање на тој имотно правен спор во делот на сопственоста.По завршувањето на тој имотно правен спор и Агенцијата за млади и спорт и Владата во соработка со министерството за образование, меѓутоа и општината,која што дирекно треба да се вклучи во делот на помагање на спортот,треба секој да си ги земе својот дел од работата.-Изјава Марјан Спасески-директор на Агенција за млади и спорт.
И додека струшката локална власт се оградува од одговорност, велејќи дека разрушениот објект не бил во нивна надлежност,некогашните струшки пливачи, како риби на суво-за да го свртат вниманието на институциите,изведоа перфоманс во базенот.
-50 години традиција видите на што се сведува.Еден јавен апел до сите заинтересирани страни да помогнат да се врати пливањето во Струга.Стварно е жалосно за сите генерации кои што идаат и кои се во моментов да гледаат ваква слика на базенот.-Изјава: Сашо Петроски – поранешен пливач од Струга.
Згора на се, базенот неодамна го зафати и пожар,но за среќа се спречи уште поголема катастрофа,бидејќи веднаш до објект се наоѓа основното ,,Браќа Миладиновци” и котларата на училиштето каде има нафта.
-За среќа, иначе ако не беше тоа ќе ја зафатеше и спортската сала и другите објекти во училиштето.Често пати сум се обраќал и во општина и во струшката полиција за да превземат активнисти за да не биде ова црна дупка на градот Струга.-Изјава Шкељким Алиу-дир.на О.О.У.,, Браќа Миладиновци”-Струга.
А дека интересот за водните спортови е голем говори и фактот што летната пливачка школа ја посетуваат 300 млади пливачи,но за да нижат успеси им треба затворен пливачки базен-вели Оливер Бојчески, доктор по спортска медиција кој се грижи за идните пливачи.
Извор: алфа тв
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s