Малиот Вукашин од Србија бил сведок на крвавиот напад во Тунис

Деветгодишниот син на Србинката Маја Ш. бил сведок на крвавиот напад на плажата во Тунис. Во моментот кога почнале истрелите, малиот Вукашин пливал во морето.

vukasin.jpg-500

Во Тунис бил на одмор со своите баба и дедо, а доцна синоќа пристигнаа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Дедото Недељко Ковачев за „Блиц“ раскажал дека семејството било сведок на пукањето и убиството на еден од терористите.

vukasin-1.jpg-500

-Престојувавме до хотелот кој беше веднаш до луксузниот комплекс и во кој загинаа сите тие луѓе. Сопругата и јас бевме на базенот покрај плажата кога почнаа првите истрели, а внукот се капеше во морето. Тоа беше околу пладне. Мислев дека се туристи што фрлаат петарди, но веднаш дотрчаа вработените од хотелот и ни рекоа да се скриеме во собите, бидејќи таму ќе сме најбезбедни, раскажува Ковачев.

vukasin-2.jpg-500

Во моментот стампедо од исплашени луѓе се упатило кон хотелот, а тој во таа маса се обидувал да го пронајде внукот. Недељко не успеал да го спречи момчето да ја види крвавата сцена на плажата, иако брзо го пронашол и заминале кон нивната соба.

-За среќа, тоа ни беше последниот ден од летувањето, вели Недељко.

-Го видов терористот. Беше во бела кошула и во костим за капење. Кога почна да пука, луѓето почнаа да бегаат, па мислев дека во водата има ајкула. Тогаш видов кога полицајците го убија. Доживеав голем шок, вели деветгодишниот Вукашин.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s