Кафено мече од Тетовско ќе мора да замине на лекување во Грција

Здружение „Арктурос“ прифатило бесплатно да го згрижи и да го третира тримесечното младенче од кафена мечка, која во Македонија е заштитен вид, а потоа да го врати, за да биде пуштено во нашите шуми

Младенче од кафена мечка, за кое се проценува дека е старо приближно три месеци, било пронајдено со повреда на задните нозе пред една недела во шумите во Тетовско. Четири дена за него се грижеле во селото Теарце, а од пред два дена го презеде Македонското здружение за заштита на бувовите (МОТ), кое го негува во соработка со ветеринарниот центар „Д-р Диме“.

Мечето сега е сместено во не многу голем кафез во стан, бидејќи Македонија нема рехабилитациски центар за диви и грабливи животни и мечето нема каде да биде сместено и негувано на наша територија додека да стане способно самото да се грижи за себе. Откако ќе биде обезбедена потребната документација, ќе замине на привремен престој во Грција, најпрво во Универзитетската ветеринарна болница во Солун, каде што ќе биде лекувано, а потоа ќе престојува во резерватот „Арктурос“ сѐ додека не биде подготвено да се врати во македонските шуми.

– Мечето го пронашле членови на тетовското здружение за лов, риболов и планинарење „Љуботен“, од селото Вратница, на ловиштето Брезно, број 5. Нам ни се јавија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое многупати сме соработувале за рехабилитација на грабливи птици, за да го преземеме – раскажува Ана Арсовска, која заедно со сопругот Боби е основач на МОТ.

Младенче од кафена мечка, за кое се проценува дека е старо приближно три месеци, било пронајдено со повреда на задните нозе пред една недела во шумите во Тетовско. Четири дена за него се грижеле во селото Теарце, а од пред два дена го презеде Македонското здружение за заштита на бувовите (МОТ), кое го негува во соработка со ветеринарниот центар „Д-р Диме“.

 

ГО ЧУВААТ ВО СТАН

Кафената мечка е заштитен, загрозен и редок вид во нашата држава, но сепак повреденото младенче ќе мора да замине надвор од нашите граници за да биде лекувано и згрижено. За среќа, од „Арктурос“ прифатиле да го негуваат и да го чуваат, а потоа да го вратат за да биде пуштено во шумите од кои потекнува.
– Резерватот „Арктурос“ е специјализиран за мечки, поточно за кафена мечка. Оттаму се подготвени да го прифатат и да го рехабилитираат мечето без никаков надомест. Потоа ќе биде вратено во Македонија – објаснува Арсовска.

МОТ во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) од пред три-четири години повеќепати и од различни институции, вклучувајќи ги министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина и просторно планирање, но и градот и општините, барале одобрение за да создадат рехабилитациски центар за диви и грабливи животни. До овој момент нема никаков одговор на нивните барања.

– Спасувачки центар во кој ќе може да се згрижуваат и да се рехабилитираат диви и грабливи животни, кои потоа би биле враќани во природа, ни е многу потребен, а сега со мечето особено го чувствуваме тоа. Нашата цел не е да ги затвораме во кафези, во зоолошки градини, најмалку во станови. Тие треба да се рехабилитираат во соодветни услови и потоа да бидат вратени во природа – објаснува Арсовска.
Брачната двојка Арсовски сега животните ги згрижува во својот стан, соработува со ветеринарниот центар „Д-р Диме“ од Капиштец, а од Зоолошката градина-Скопје им позајмуваат кафези за разлетување на птиците пред да бидат пуштени во природа, но Арсовска нагласува дека тоа се привремени решенија. Во домот на Ана и Боби досега се рехабилитирани златен орел отруен од олово, кој бил третиран три месеци пред да биде пуштен во природа, повеќе бувови, штркови и други птици, но мече, макар мало и повредено, многу тешко се чува во стан.

– За секое животно што доаѓа во нашето здружение ги известуваме Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина. Лесно можеме да обезбедиме спонзорства за резерватот. Исто така, и пријателски спасувачки центри имаат волја да помогнат да се реализира идејата. Но мора и државата да застане зад него – додава Арсовска.

СЕ  ЧЕКА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА ПАТ

Во ветеринарниот центар „Д-р Диме“ сѐ уште се прават испитувања врз мечето. Станува збор за машко мече, тешко 8 килограми и 200 грама. Првичните снимки покажале повреди на нозете, но не и прекинување на ‘рбетниот столб, така што се очекува дека мечето нема да остане парализирано и целосно ќе закрепне. Нема паразити и, настрана од повредата, е во добра состојба.
– Не знаеме точно како е повредено. Претпоставуваме дека можеби паднало од дрво, па можеби му е набиен некој нерв. Мајката не е видена – вели Арсовска.

Таа додава дека малиот штитеник на МОТ не е припитомен, се плаши од луѓе и се однесува агресивно кон нив, така што, освен прегледите кај ветеринар и хранењето, не го допираат.
– Го храниме со блендирано овошје и со мед, со цуцла, приближно на три часа. Сѐ уште е зависно од течна храна, не знае само да јаде цели парчиња овошје. Мечињата зависат од мајките до двегодишна возраст, но од „Арктурос“ велат дека е можно уште идното лето да се врати во Македонија. Се надевам дека ќе почнеме со терапија, додека ги чекаме потребните дозволи за да го однесеме во Грција. Процедурата е почната, документите се поднесени. Очекуваме идната недела сѐ да биде завршено – вели таа.

Арсовска додава дека уште не знаат како ќе го транспортираат, но сигурно е дека ќе биде во придружба на ветеринар. Во Универзитетската ветеринарна болница во Солун во моментов престојува уште едно мече на негова возраст, што, според неговите згрижувачи, ќе биде одлично за закрепнувањето и за социјализацијата со сопствениот вид.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s