Драма на српско-унгарската граница: Возач остави 106 мигранти да се задушат во камион

Камион со 106 илегални мигранти, меѓу кои биле и жени и деца пронајде унгарската полиција во пограничното место Морахал, во близина на српско-унгарската граница.

migrantiiii.jpg-500

Очевидци од Морахал ги слушнале гласовите од камионот во кој мигрантите веќе почнале да се гушат.

-Беше страшно. Очајнички удираа и бараа помош. Миграните успеале да ја скршат вратата од камионот, а во тој момент стигнала и полицијата и ги привела 106-те луѓе од Сирија, Авганистан и Иран без валидни документи, велат мештаните.

Како што соопшти унгарската полиција, непознатиот возач барал по 1.500 евра по лице за да ги пренесе до Австрија.

Тој веројатно се предомислил и го оставил преполното возило на патот, па полицијата против непознат сторител поднела кривична пријава за криумчарење мигранти.

Мигрантите се предадени во надлежност на Имиграциската служба на Унгарија. Во изминатите 24 часа 1.516 луѓе илегално влегле во Унгарија, а од тие 95 се уапсени на територијата на жупанијата Бач-кишкун и Чонград, кои се граничат со Србија.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s