Ќе се обновува запуштениот автокамп „Ливадиште“

Едно од најпознатите места за летување на крајбрежјето на Охридското Езеро, автокампот „Ливадиште“ ќе добие нов лик, објави порталот „Build“.

Компанијата ЕЛЕМ планира да инвестира во обновата со која е предвидено санација на електричната инсталација, водоводот, канализацијата, соларниот систем за топла вода, а и ревитализација на пречистителниот систем за отпадни води.

Државната компанија ќе набави опрема за одржување на целокупниот простор. Веќе е објавен тендер за избор на фирма која што целиот простор ќе го доведе во функционална состојба и истиот ќе го опреми. Проценетата вредност на инвестицијата изнесува над 2,7 милиони денари.

Со реализацијата на проектот барем делумно ќе се обнови некогашниот препознатлив лик на автокампот, кој се простира на површина од 55 хектари. Покрај приколки, во рамките на кампот има продавница, кошаркарско и фудбалско игралиште, игралиште за мини голф, одбојка на плажа, бунгалови, ресторан и плажа во должина од 1,5 километри.

Автокампот „Ливадиште“ во минатото бил рангиран како еден од најсредените и најубави кампови во поранешна Југославија, но и на подрачјето на Балканскиот полуостров. Покрај планираната реконструкција, ЕЛЕМ периодов се советува со консултантска куќа за евентуална изградба на туристички комплекс на оваа локација.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s