Ципрас најави референдум за збогум со ЕУ кој ќе се одржи на 5 јули

Последниот рок за плаќањето на долгот до Меѓунардниот монетарен фонд истекува на 30 јуни.

“Во текот на шест месеци грчката влада водеше битка за да најде договор кој ќе ја почитува демократијата. Побараа од нас да воведем мерки на штедење какви што правеше претходната влада. Предлозите на кредиторите ќе ја зајакнат социјалната неправда и носат дерегулација на пазарот на труд, кратења на пензиите, зголемување на ДДВ за прехрамбените производи и нивна цел е понижување на цел еден народ”, рече Ципрас.

Со голема сериозност во гласот тој додаде дека ова е историска одговорност за иднината на земјата: “Во наредните денови треба да се донесе одлуки од кои ќе зависат идните генерации”.
Грчкиот премиер доцна синоќа најави дека ќе се одржи референдум за текстот кој денес треба да биде резултат на преговорите за грчкиот долг за кои денес ќе се разговара во Брисел помеѓу Атина и главните кредитори.

Грција во петокот го одби предлогот кој и беше презентиран во Брисел од кредиторите и кој бара од земјата да врати 12 милијарди евра до ноември во четири рати. Министерот финансии Јанис Варуфалис смета дека овој предлог може да ја дестабилизира грчката економија уште повеќе.

Министерот за административна реформа оцени дека референдумот нема да биде одоговор на прашањето дали Грција треба да остане во еврозоната но одоговор на предлогот на кредиторите.

Ципрас во петокот рече дека одбива уцени и ултиматуми со тоа што ЕУ го става под максимален притисок.

Варуфакис исто така беше остра во своите изјави: “Овие последни денови и седмици грчката влада цело време правеше отстапки. За жал, секогаш кога ние изодуваме три или четири петини од патот, институциите одат во спротивна насока”. Тој додаде дека тие ја заоструваат нивната позиција и бараат работи кои може да ги побара само некој кој всушност не сака да дојде до договор.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s