Рускиот претседател Владимир Путин вчера телефонски го побарал својот американски колега Барак Обама

Рускиот претседател Владимир Путин вчера телефонски го побарал својот американски колега  Барак Обама, што е нивни прв телефонски разговор од февруари годинава, пренесоа британските медиуми, цитирајќи го соопштението на Белата куќа, јави МИА.

putin-obama500

Двајцата лидери ја разгледале неопходноста од давање адекватен одговор на активностите на Исламска држава и развојот на настаните на Блискиот исток, како и на ситуацијата во Украина, пренесува БТА.

Обама ја повикал Русија да ги исполни своите обврски во рамки на  Минските спогодби, вклучувајќи го и повлекувањето на сите руски  војници и техника од украинска територија.

Лидерите на двете земји ја разгледале и се поопасната ситуација во Сирија и ја подвлекле важноста на зачувувањето на единството во групата „Пет плус еден“ на пролонгираните преговори, што имаат за цел Иран да го спречат да се здобие со нуклеарно оружје.

Во соопштението од Абакан, во автономната република Хакасија, каде Путин денеска е во посета, прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека лидерите детално ги разгледале  и актуелните проблеми во билатералните односи. Значајно внимание им бил одделен на комплексот прашања поврзани со борбата против тероризмот, особено со ширењето на влијанието на Исламска држава на Блискиот исток.

Путин и Обама се договориле да им наредат на министерот за  надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар Џон Кери да се сретнат, за да ја разгледаат оваа тема.

Според Песков, претседателите ја разгледале и реализацијата на Минските спогодби и се договориле во најкусо време помошник државниот секретар Викторија Нуланд и заменик министерот за надворешни работи Григориј Карасин да остварат контакт за да ја разгледаат примената на овие веќе договори детали.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s