Крузер се судри со танкер во протокот Дарданели

Крузерот „Селестиал кристал“, кој пловеше од Грција за Истанбул се судри денеска со танкер во северниот дел на протокот Дарданели, при што има настрадани лица, пренесе МИА.

kruzer.jpg-500

Бродот со 853 патници на него и 382-член екипаж патувал од Миконос за Истанбул.

Околу еден час по полноќ бродот се судрил во северниот дел на протокот со танкерот „Пимлико“, кој пловел од рускиот црноморски град Туалсе кон Малта.

И двата брода претрпеле сериозни штети. Според првичните информации на танкерот се оштетени резервоари, од кои истекува гориво, но засега не е позната количината.

Првичните информации покажуваат дека за сударот се виновни и двата брода, бидејќи центарот за управување на сообраќајот во протокот ги предупредил и двата брода дека постои опасност од судар.

И двата брода се вкотвени во моментов во близина на полуостровот Галиполи во Турција.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s