Православната црква бара сите што практикуваат јога да престанат, да се покајат и исповедаат

Православна Црква, по состанокот на Свештениот Синод кој се одржа во Грција, излезе со став по повод прогласувањето на „Светскиот ден на јога“ од страна на ООН, кој ќе се одбележува секоја година на 21 јуни.

popovi-640x400

Во врска со ова, Православната Црква во контекст на почитувањето на слободата на вероисповедание, за да се избегне создавање на атмосфера на религиозен синкретизам, ја потсетува православната паства дека „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес“.
Од таа причина јогата е апсолутно некомпатибилна со нашата Православна Христијанска Вера и нема место во животот на христијаните.
Ова го соопшти Митрополитот Брегалнички Иларион, завчера на проповедта после Светата Божествена Литургија која се одржа во Лесновскиот Манастир, на која тој чиноначалствуваше. Меѓу другото, тој додаде дека сите, навидум наивни јога вежби за опуштање, кои се наметнуваат на луѓето како ,,модерен” начин за смирување по стресниот ден или на бремените жени за лесен пораѓај и слично, всушност претставуваат одрекување од Светата Православна вера и одрекување од Христа.
И како надлежен Митрополит на Брегалничката Епархија, на сите членови на Едната Света Православна Црква, кои практикувале или практикуваат јога вежби (можеби и од незнаење), да прекинат, да се покајат и исповедаат, а во спротивно, на сите кои несакаат, тој им даде анатема, да не пристапуваат до Чашата се до денот на нивно покајание. А на сите присутни верници на Богослужбата , Митрополитот им зададе послушание да бидата еден вид апостоли и да го пренесат ова на оние кои не биле присутни на Богослужбата тој ден.

Да го споделеме ова, браќа и сестри, за да прочитаат што повеќе луѓе и да не си нанесуваат штета на душите од незнаењ, стои во соопштението објавено на фејсбук страницата Православие

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s