РОЗБЕРГ ГО ПОБЕДИ ХАМИЛТОН ВО АВСТРИЈА


Пилотот на Mercedes, Нико Розберг, успеа да го победи клупскиот колега Луис Хамилтон во трката за ГН на Австрија. Така Германецот ја намали предноста на Луис на само десет поени, со што ја направи борбата за светската титула сезонава исклучително интересна.

Розберг имаше силен старт и така успеа да го мине Хамилтон уште во првиот свиок. Германецот не направи буквално ниту една грешка до смата цел и не му остави шанса на Луис ниту да помисли да атакуваа на првото место. Дури и да го стигнеше, се одеше од рака на Розберг, бидејќи Британецот доби плус пет секунди казна, кои му беа додадени кон вкупното време по завршување на трката на патеката Ред Бул Ринг. Стјуардите го казнија Хамилтон поради преминувањето на ограничувачките линии при враќање на патеката на излегување од боксот. Третото место му припадна на Фелипе Маса од тимот на Williams. Тоа беше и првото искачување на подиумот за искусниот Бразилец од почетокот на сезонава. За овој успех на Фелипе, главна улога одиграа механичарите од Ferrari, кои „затаија“ со задната десна гума на Себастијан Фетел при неговата посета на боксот. Механичарите не успеа да го зацврстат добро централниот винт на тркалото и направија неколку обиди, а Себастијан ја загуби својата позиција од Маса. До целта Фетел успеа да го стигне Маса, но ја немаше потребната брзина да го претекне во последните неколку круга.

Трката ја одбележа голем инцидент вече во првиот круг. Неколку свиока по стартот, Кими Раиконен и Фернандо Алонсо имаа страшна колизија. Финецот ја испушти контролата над болидот. Фернандо се најде на погрешно место во погрешно време и ја заврши трката буквално на носот на болидот на Ferrari. Кими можеше да настрада фатално ако болидот на Алонсо продолжеше да се лизга кон неговата глава.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s