Столтенберг: НАТО не сака судир со Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата не сака судир со Русија, туку сака да воспостави поконструктивен однос со Москва.

– Всушност ние тежнееме кон поконструктивна соработка- рече Столтенберг.

Генералниот секретар на Алијансата, меѓутоа, додаде дека „соработката мора да се гради на доверба и на фактот дека Русија мора да ги почитува границите на своите соседи“. Генералниот секретар на НАТО вчера порача дека Русија не претставува директна закана за земјите членки на Алијансата. Во текот на посетата на родната Норвешка Столтенберг укажа дека Русија е подготвена да употреби сила за да ги измени границите во Европа и како пример ги наведе Крим, источна Украина и Грузија.

– Сега гледаме поголема непредвидивост, поголема небезбедност, повеќе немири…Но верувам дека нема никаква директна закана од Исток против било која земја на НАТО- рече Столтенберг за државното радио НРК.

Поранешниот норвешки премиер изрази надеж дека односите меѓу Северноатлантската Алијанса и Русија можат да се подобрат.

– Наша цел е натамошна соработка со Русија…Тоа е во интерес на НАТО и во интерес на Русија- заклучи генералниот секретар на НАТО.

НАТО повеќепати ја критуваше Москва заради вмешаноста во украинскиот судир и од неа бараше во целост да ја поддржи спогодбата за примирје, додека Русија негира дека ги опслужува со војници или оружје проруските активисти на истокот од Украина, потсетуваат британските медиуми.

dok1
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s