Тажната приказна на две близначки: Во сектата не злоставуваа на 12 години!

Како деца пораснале во контроверзна религиска секта, минувајќи го секој ден, како што велат, живеејќи во страв, пишува Daily mail.

Биле и психички злоставувани, им забранувале да одат во училиште, а им велеле и дека ќе умрат како маченици кога ќе наполнат 12 години.


Меѓутоа, 34-годишните близначки Флор и Тамар Едвардс побегнале од култот и сега двете живеат и работат во Калифорнија – едната како слободен писател, другата како инструктор по јога.


“Тепаа многу мали деца. Мојата помлада сестра имаше само шест месеци кога прв пат доби по задникот”, рекла Флор и додала дека таа никогаш не била сексуално злоставувана.


Следбениците биле учени дека љубовта кон Бог се изразува преку секс, меѓутоа, се случувале и голем број силувања кои довеле до самоубиства кај некои од членовите.


“Приказната за апокалипсата беше страшна. Целата земја ќе исчезне во пламен, имаа цела разработена приказна за тоа што ќе се случи”, рекла Тамар.


Во 1994-тата година, со смртта на основачот Берг, дошло и до распад на сектата. Флор и Тамар рекле дека во надворешниот свет започнале нов живот, но дека било многу тешко да се навикнат – посебно тешко било запознавањето со нови луѓе.


И покрај сè, близначките тврдат дека не се лути на своите родители, кои и самите минале низ истите проблеми.

Берг умрел во 1994-тата година, и многу семејства тогаш ја напуштиле сектата. Водството го преземал Карен Зерби, и им дозволил поголема слобода на членовите, пренесуваTelegraf.rs.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s