Заробените терористи од Диво Насеље признале сè?!

Оперативците на албанското разузнавање “ШИШ” се првите кои преку директни контакти и средби дознаваат за намерите на водачите на терористичката група и нивните планови за акции во нашата држава, меѓутоа таа информација ја доставуваат само до косовските колеги, пренесува Вечер.мк

Водачите на терористичката група елиминирана во кумановското Диво Насеље била под две истраги, на косовската полиција и на косовската и албанската разузнавачка служба, дознава Вечер. Тие биле следени и прислушувани повеќе од една и пол година, а во последните неколку месеци за нивните активности и намери информации собирале најмалку четири разузнавачки служби, вклучувајќи ја и македонската.


Кон крајот на минатата година, групата го привлекува вниманието на албанската разузнавачка служба – ШИШ, која прва ги открива вистинските намери на терористичката група, но и нивната бројност. Дотогаш сите оперативни сознанија биле дека станува збор за помала група од петмина члена. Информациите веднаш ги доставува до косовската разузнавачка служба КИА, но не и до нашата Агенција за разузнавање. Тие имаат директен контакт и средби со Деми Шеху и Сами Ушкини преку нивните оперативци А.Џ. со седиште во Приштина и Д.Љ. од Тирана. Средбите се во перидот од ноември 2014-тата до април годинава, во Призрен и Ѓаковица, кога конечно се утврдени и намерите на терористичката група за извршување на насилни и терористички акти на територијата на нашата држава.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s