Агенцијата за разузнавање бара одговорност за објавување идентитет

Агенцијата за разузнавање ја информираше денес јавноста дека поведува постапка за да утврди одговорност во објавувањето на идентитетот и фотографиите на вработени во Агенцијата за разузнавање.

Агенцијата вели дека во изминатиот период во неколку домашни и странски медиуми се објавија написи во кои се изнесоа податоци и информации за лица, вработени во Агенцијата за разузнавање.

“Јавното посочување на идентитетот и фотографии на вработени во Агенцијата за разузнавање претставува загрозување на нивната лична безбедност, безбедноста на семејствата на вработените и загрозување и поткопување на законски утврдените надлежности и методи на работа на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија.

Со овие активности се нанесени штетни последици за службата што претставуваше и основа Агенцијата да поведе постапка за кривична одговорност пред надлежниот Јавен обвинител согласно Кривичниот Законик на Република Македонија.

Поведената постапка има за цел да се утврди одговорност за објавениот идентитет и фотографија на вработен во Агенцијата за разузнавање на Република Македонија, потеклото на фотографијата и лицето кое имало пристап до неа, како и начинот на кој истата станала достапна до медиумите каде што беше објавена.

Целосно е неприфатливо вработени во Агенцијата за разузнавање да бидат јавно изложени во медиумите во Република Македонија врз основа на шпекулации, гласини и претпоставки објавени во странски медиуми, кои се повикуваат на извори од странски разузнавачки служби како преземени вести и информации.

Во вакви и слични случаи во иднина Агенцијата за разузнавање нема да дава понатамошни коментари и истите ќе бидат соодветно процесуирани во Јавното обвинителство на Република Македонија.

За конкретните случаи во Гошинце и во Куманово, во однос на намерите на водачите на терористичката структура, нивни капацитети, логистички бази, курс на акција на непријателот од страна на Агенцијата направено е рано предупредување во рамки на своите надлежности, согласно законот за Агенција за разузнавање.

Агенцијата ги почитува слободата на изразување и слободата на медиумите како највисока демократска придобивка, но секогаш ќе реагира пред надлежните институции при објавување на класифицирани информации кои имаат штетни последици врз безбедносниот систем на Република Македонија.

Јавно ги повикуваме сите правни и физички лица, вклучително и сите уредници и новинари на медиуми своите сознанија за активности за загрозување на безбедносната состојба и намери за вршење на кривични дела против државата да ги достават до надлежните институции за нивно спроведување во истражна постапка”, велат од Агенцијата за разузнавање.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s