“ПУЧ“ ќе го почека Јоханес Хан за да ја дочека судбината!?

Советот за оценка на обвинетилниот акт при скопскиот Кривичен суд ќе почека неколку дена за потоа   да донесе одлука дали ќе има судење или предметот за „Пуч“ ќе биде вратен повторно во истрага. Статус-кво ситуацијата најверојатно е поради претстојната посета на Јоханес Хан и ке се почека исходот од таа средба, дознава “Струга48“.

пуц

 

Адвокатскиот тим од одбраната на Зоран Заев и другите обвинети за шпионажа, неовластено прислушување и насилство кон претставници на државни органи на денешната јавна седница во Кривичниот суд побараа обвинението за случајот „Пуч“ да биде вратено на Обвинителството.

Според адвокатите, во обвинението има нелогичности и нема доволно докази, а описот на дејствијата е паушален и неиздржлив.

Јавните обвинители пак побараа обвинителниот акт во целост да биде прифатен, затоа што доказите потврдувале дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се товарат.

На јавната седница за разгледување на приговорите, освен јавните обвинители и адвокатите на одбраната, беа присутни и првообвинетиот Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорги Лазаревски и Бранко Палифров. На седницата не присуствуваше претседателот на СДСМ кој, според адвокатите не можел да дојде поради службени обврски.

Во случајот „Пуч“ единствено Заев кој е четвртоосомничен, од вкупно петмина осомничени, не е во притвор.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s